
ЗА НАС
Во срцето на г.Оризари работи ресторанот САН. Ресторанот функционира на две нивоа, а поседува и летна градина. Со вашето прво зачекорување во ресторанот, ќе ве пречекаат ведрите лица на персоналот.
Новиот модерен и пријатен амбиент, брзата услуга, вкусната храна и широката палета на дополнителни сервиси, го прават нашиот ресторан идеално место за вашите прослави.
Мајсторите на гастрономијата за вас ќе ги подготват специјалитетите кои ќе следат по фантастичните предјадења и ќе ги разгалат вашите сетила, изненадувајќи ве со вкусови кои никогаш не се забораваат.
Дозволете да креираме незаборавни мигови за Вас и Вашите најблиски.



